Амако Нет нуди можност за замена на производ. Замената може да биде направена доколку се исполнети следните услови:
- Производот да не е употребуван и заедно со амбалажата да е во иста состојба како што е купен (без никакви оштетувања на производот и амбалажата)
- Амбалажата несмее да биде оштетена на било кој начин и истата мора да ги има фабричките пломби и етикети.
- Клиентот да ги приложи фактурата или фискалната сметка и пропратната документација
Важно: За производи кои се продаваат без амбалажа и фабрички пломби, како и за производи кај кои постојат индиции дека се употребувани, производот претходно се праќа на овластен сервис кој ќе потврди дека производот е автентичен, не е употребуван и не е оштетен .
Во случај да нема заменски производ и купувачот побара поврат на платениот износ, средствата за купениот производ се враќаат во иста форма како кога е платен производот:
- Доколку сте го платиле истиот во готово, ќе бидат вратени средствата во готово.
- Во случај кога сте го платиле на фактура средствата ќе бидат вратени на сметката од која што се уплатени или пак ќе биде издадено кредитно одобрение.