Добредојдовте во АmacoNet!
Ние сме компанија која на своите клиенти секогаш се труди да им понуди:
- Разновидна понуда од областа на ИТ, Гејминг, Аудио и Видео опрема, производи кои ги исполнуваат сите стандарди на квалитет и најдобра цена на пазарот.
- Секојдневна техничка поддршка и сервис кој во секое време и на секое место ќе им излезе во пресрет на корисниците и e подготвен да одговори на предизвиците што ги носи брзиот развој на технологијата.
- Компјутерски системи согласно најновите светски трендови но и согласно специфичните барања на клиентите.
- Професионално обучен кадар кој е задолжен за современа и модерна и интерактивна презентација на сите производи во нашата понуда.
- Дистрибутивна мрежа распространета низ цела Македонија.
Историјат
Амако Нет е основана во 2007 година.
Од самото основање главниот фокус на компанијата е ориентиран кон квалитетот и задоволството на потрошувачот за компетентна цена, така што уште од самиот почеток, Амако Нет полека но сигурно станува синоним за квалитет.
Сето ова во меѓувреме е пропратено со постепено зголемување на понудата, соработка со се поголем број на светски брендови.
Компанијата се фокусира и на Б2Б - директна продажба на бизниси од сите големини.
Во годините што следуваат Амако Нет продолжува да расте и да ја проширува својата мрежа со новоотворени партнерства со дилери низ целата држава.
Вкупниот број на вработени во компанијата изнесува над 30.
Во 2023та година, Амако Нет веќе располага со повеќе од 80 различни брендови и преку 20.000 модели на најразлична ИТ, Гејминг, Аудио и Видео опрема како и огромен избор на смарт уреди.
Полека но сигурно, со многу труд и посветеност низ изминатите години, Амако Нет станува најголемата компанија токму за ИТ, Аудио, Видео и Гејминг опрема во Македонија.
Мисија и Визија
Нашата мисија е да ги задоволиме потребите на нашите клиенти со нудење на разновидни производи и услуги во областа на ИТ, Гејминг, Аудио и Видео опрема кои се високо квалитетни, современи и функционални.
Нашата цел е да бидеме прв избор за секој клиент кој бара квалитетна техничка поддршка, иновативни производи и пријатно искуство на купување.
Нашата визија е да продолжиме да растеме и да се развиваме, да ги надминеме очекувањата на нашите клиенти и да останеме секогаш уникатни и препознатливи по квалитетот и одличната услуга кои ги нудиме во секој сектор од нашата компанија.
Соработка со брендови
Богатиот и разновиден спектар на брендови и производи бара висок степен на флексибилност, и отвореност на постојани промени, поради тоа секогаш се стремиме да генерираме одржлив раст на бизнисот и да создадеме додадена вредност за нашите деловни партнери и за брендовите во нашето портфолио.
Соработуваме со преку 80 светски брендови, обезбедувајќи ги најдобрите производи на пазарот и оваа бројка е во постојан пораст.
Дистрибуција на роба
Во Амако Нет се гордееме со уметноста на IT дистрибуција и со самата брза достава на роба, секој град од државата е покриен 2 пати неделно со достава на роба што значи брз раст и за нашите коминтенти.