ИЗЈАВА ЗА ПРИВАТНОСТ ПРИ ВРШЕЊЕ НА ВИДЕО НАДЗОР
Оваа Изјава го објаснува видот на личните податоци што Друштво за производство и трговија АМАКО НЕТ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје, со седуште на ул. Перо Наков бр. 126Б Скопје – Гази Баба, Република Северна Македонија, со ЕМБС 4918835 и ЕДБ 4030994340019 (во натамошниот текст: „Друштвото“ или „Контролор“), ги собира од субјектите на личните податоци при посета на службените/деловните простории и како Контролорот ги користи овие податоци.
- Зошто собираме (обработуваме) лични податоци?
Контролорот собира лични податоци преку системот за видео надзор од следните причини (цели):
- Заштита на животот и здравјето на вработените и посетителите.
- Заштита на сопственоста и имотот на Друштвото и сите негови подружници, вклучувајќи опрема, производи и материјали.
- Обезбедување контрола над влегувањето и излегувањето од службените и деловните простории, како и од магацинскиот простор.
- Подобрување на безбедноста со 24/7 надзор.
- Намалување на учеството на човековиот фактор во безбедносни ризици.
- Спречување на упад на неовластени лица и извршување на противправни дејствија.
Системот за видео надзор не се користи за ниту една друга цел, како на пример да се следи работата на вработените или нивното присуство. Видео камерите се поставени така што не го покриваат околниот јавен простор. Камерите имаат за цел да дадат општ преглед на она што се случува на одредени места, но не и да се препознаат лица.
Системот за видео надзор исто така не се користи како истражна алатка или за да се добијат докази при внатрешни истраги или дисциплински постапки, освен ако не е во прашање безбедносен инцидент заради кој е воспоставен видео надзорот согласно Законот за заштита на личните податоци. Во исклучителни околности, податоци може да бидат пренесени до истражните органи во рамките на формална дисциплинска или кривична истрага.
- Какви податоци собира контролорот?
Контролорот собира само слики фатени на камерите, при што не се врши тонско снимање.
- Кој е одговорен за обработка на податоците?
Контролорот е субјект кој ја врши обработката на личните податоци и кој ги утврдува целите на обработката, единствено во согласност со Законот за заштита на личните податоци. Покрај тоа Милица Живковска е лице за контакт и одговорно за видео надзорот.
- Кој е правниот основ за обработка на личните податоци преку системот за видео надзор?
Контролорот користи опрема за видео надзор за:
- Заштита на животот и здравјето на вработените и посетителите.
- Заштита на сопственоста и имотот на Друштвото и сите негови подружници, вклучувајќи опрема, производи и материјали.
- Обезбедување контрола над влегувањето и излегувањето од службените и деловните простории, како и од магацинскиот простор.
- Подобрување на безбедноста со 24/7 надзор.
- Намалување на учеството на човековиот фактор во безбедносни ризици.
- Спречување на упад на неовластени лица и извршување на противправни дејствија.
Покрај тоа, во секое подрачје каде што се врши видео надзор има видливо и јасно истакнато известување за видео надзорот кое им овозможува на субјектите на личните податоци да се запознат со вршењето на видео надзорот, како и за називот на Контролорот кој го врши видео надзорот и за начинот на кој може да се добијат информации за тоа каде и колку време се чуваат снимките од видео надзор.
- Кој може да ги види личните податоци?
До видео записите може да се пристапи само од страна на овластени лица за видео надзор. Пристапот до дигиталниот уред или дискот на кој се чуваат видео записите е ограничен, заштитен со примена на технички мерки за безбедност на податоците (лозинка, запис за секој настан или акција од вработените, односно овластените лица).
- Како да ги контролирате вашите податоци?
Може да испратите барање на m.georgieva@amaconet.comи/или на адреса: ул. Перо Наков бр. 126Б Скопје – Гази Баба, Република Северна Македонија.
- Може ли субјектот да пристапи до своите податоци?
Секој субјект на лични податоци има право да пристапи до своите податоци во секое време и бесплатно, со испраќање на барање на адреса: ул. Перо Наков бр. 126Б Скопје – Гази Баба, Република Северна Македонија или преку е-пошта на m.georgieva@amaconet.com
Може ли да се менуваат личните податоци?
Не е дозволено изменување на видео записот за видео надзорот.
- Може ли субјектот побара ограничување на обработката на личните податоци?
Секој субјект на лични податоци има право да ја ограничи обработката на личните податоци во секое време со испраќање на барање адреса: ул. Перо Наков бр. 126Б Скопје – Гази Баба, Република Северна Македонија или преку е-пошта на m.georgieva@amaconet.com, кога ја оспорува точноста на личните податоци, или кога на Контролорот повеќе не му се потребни податоците за извршување на неговите задачи. Секој субјект на лични податоци исто така може да ја блокира обработката и кога работењето е незаконско и се спротиставува на бришење на податоците. Сепак, блокирањето не е можно во случај на службена истрага.
- Може ли субјектот да бара бришење?
Секој субјект на лични податоци има право да бара бришење на своите лични податоци во секое време, со испраќање на барање на адреса:ул. Перо Наков бр. 126Б Скопје – Гази Баба, Република Северна Македонија или преку е-пошта на m.georgieva@amaconet.com, кога обработката е незаконска.
- Дали се споделуваат личните податоци?
Лични податоци на субјектите се чуваат кај Контролорот, освен ако субјектот не побара од Контролорот или пак даде согласност истите да бидат споделени. Во случај на споделување на личните податоци со трети страни, субјектот мора да биде известен на кого се откриени, за која цел и врз кој законски основ.
- Дали субјектот има право на приговор?
Субјектот на лични податоци има право на приговор и да се спротистави на обработката во било време со испраќање на барање на адреса:ул. Перо Наков бр. 126Б Скопје – Гази Баба, Република Северна Македонија или преку е-пошта на m.georgieva@amaconet.com, кога има легитимни причини во врска со конкретна ситуација.
- Што да направи субјектот во случај на проблем?
Првиот чекор е да го извести Контролорот и да побара преземање на акција.
Вториот чекор, ако не биде добиен одговор или ако одговорот не е задоволителен, субјектот може да го контактира офицерот за заштита на личните податоци на m.georgieva@amaconet.com.
Во секој случај, субјектот во секое време може да поднесе барање до Агенцијата за заштита на личните податоци(www.azlp@mk), која ќе постапи по барањето и ќе ги донесе потребните мерки.
- Кога ќе започне обработката на личните податоци преку системот за видео надзор?
Обработката започнува во моментот на посета на просториите на Контролорот.
- Безбедност на личните податоци
Контролорот е посветен на заштита на личните податоци. Затоа, користи безбедносни технологии и процедури со кои се заштитуваат личните податоци пред се од неовластен пристап, употреба или откривање. Ние ги чуваме личните податоци на компјутерски системи со ограничен пристап и во контролирана околина.
- Колку долго ги чуваме вашите податоци?
Контролорот ќе ги чува личните податоци 30 календарски денови по посета во нашите простории, по што сите снимени видео записи автоматски се бришат.
***
Оваа Изјава за приватност е составен дел на Правилникот за вршење на видео надзор, како и системот за заштита на личните податоци на Друштвото.